Трамп го прави првиот чекор кон преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
- Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за промена на името на Министерството за одбрана во Министерство за војна, со цел да прикаже построга слика за војската

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за промена на името на Министерството за одбрана во Министерство за војна, со цел да прикаже построга слика за војската, известува Анадолу.
Висок функционер на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Трамп ќе одржи состанок за ова прашање и ќе ја потпише извршната наредба.
Според американскиот закон, Трамп не може да го смени името на Министерството за одбрана без закон усвоен од Конгресот. Затоа се очекува извршната наредба на Трамп да ги иницира сите процеси за започнување на промената на името на Министерството во Министерство за војна и дека Пентагон ќе ги направи потребните подготовки.
Според агендата што Белата куќа ја прати до медиумите, Трамп денес попладне треба да излезе со соопштение, но не е откриена темата на соопштението.
Министерството за војна е основано во 1789 година кога стапил на сила Уставот на САД. Неговото име е сменето во Министерство за одбрана со закон во 1947 година, две години по завршувањето на Втората светска војна.