Dildar Baykan
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Минатата година беа запленети 40 тони шверцувана слонова коска, покажува извештајот на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозените видови диви животни и растенија (CITES), јавува Anadolu Agency (AA).
„CITES“ (ЦИТЕС) соопшти дека станува збор за рекордна количина.
Во извештајот се вели дека во изминатите десет години, 111.000 африкански слонови се убиени поради слоновата коска.
Генералниот секретар на „CITES“, Џон Скалон, рече дека дошло до намалување на ловот во Боцвана, Јужна Африка и во Намибија, но оти и понатаму во последните десет години, значително е смален бројот на слоновите во централниот дел на Африка.
Скалон го оцени како позитивен падот на ловот.
„Глобалните напори почнаа да се забележуваат, но сѐ уште не сме ја достигнале посакуваната цел“, рече Скалон.
Тој верува дека зајакнувањето на законските санкции би можело да ја намали трговијата со слонова коска.
„Постои континуиран пад на криволовот, кој беше најголем во 2011 година. Истражувањата во 2016 година покажуваат дека бројките во врска со криволовот се пониски од оние од пред 2008 година“, додаде тој.