Hakan Çopur
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американските воздушни сили заради полна состојба на готовс ги подготвија бомбардерите „B-52“ (Б-52) со носачи за нуклеарни бомби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Командантот на американските воздушни сили, генерал Дејвид Голдфејн, во интервју за порталот „American Defense One“ потврди дека бомбардерите Б-52 се подготвени и оти Пентагон размислува да ги стави во полна 24-часовна состојба на готовс, што не се случило уште од 1991 година.
„Тоа е само уште еден од чекорите што ја потврдуваат нашата подготвеност и состојба на готовс. Не се работи за некаков специфичен случај, туку на тоа гледаме како на глобална ситуација во којашто се наоѓаме“, изјави Голдфејн.
Тој истакна дека бомбардерите Б-52 подготвени чекаат на наредба, како и дека во тој случај, првпат по 28 години ќе летаат со боеви глави.
„Светот стана опасно место и постојат поединци кои отворено зборуваат за употребата на нуклеарно оружје. Не живееме веќе во биполарниот свет во којшто бевме ние и Советскиот Сојуз на двете страни. Сега имаме и други субјекти коишто поседуваат нуклеарни бомби“, изјави Голфејн.
Иако тоа не го кажа отворено, речиси сосема е јасно дека Голфејн зборуваше за севернокорејската нуклеарна закана.