Emel Öz Gözellik
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Патнички авион на компанијата „JetBlue" принудно слета на аеродромот во Њујорк откако во судир со јато птици претрпе оштетување, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за авион кој за време на синоќешниот лет од Бостон кон Лас Вегас налетал на јато птици, а портпаролката на компанијата Шарон Џонс изјави дека авионот успешно слетал на њујоршкиот аеродром „John F. Kennedy".
Судирот со птиците се случил непосредно по полетувањето од бостонскиот аеродром, а предизвика голема паника меѓу патниците.
Не откривајќи детали за штетата настаната на авионот, Џонс изјави дека сите патници се добро и дека со заменски авион од Њујорк го продолжиле патот кон Лас Вегас.