Büşra Selvi Öğütcen
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Според објавениот извештај на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), на светско ниво, околу 2 милијарди деца дишат загаден воздух, од кои 620 милиони во Јужна Азија, еден голем дел во северна Индија, 520 милиони во Африка и 450 милиони во Источна Азија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според утврдените стандарди на Светската здравствена организација, 300 милиони од овие деца 6 пати повеќе дишат загаден воздух.
- „Децата се повеќе изложени на загаден воздух“ -
Во извештајот се истакнува дека кај децата белите дробови и имунолошкиот систем се во развој и се слаби. Поради ова тие се двапати повеќе изложени на ризик отколку возрасните поради изложеноста на загаден воздух.
Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, изјави дека секоја година околу 600 илјади деца помали од 5 години го губат животот поради нарушувања предизвикани од загадениот воздух.