Aybala Arpacı
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Екипите на ФБИ извршиле претрес во куќата и кафулето на бизнисменот Селахатин Каракуш во Њујорк, за кого се знае дека е близок со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимови на ФБИ во рамките на истрагата извршиле претрес во кафулето „Масал кафе“ во Бруклин и во домот на бизнисменот Селахатин Каракуш.
Според сознанијата, детективите заплениле документи и компјутери. ФБИ сѐ уште не даде подетални информации за причините на истрагата против Каракуш.
Се претпоставува дека истрагата може да е поврзана со трансфер на пари.
Забележано е дека на личните профили на социјалните мрежи, Каракуш ги споделувал своите разговори со лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Лицата кои се блиски со Ѓулен биле чести гости во кафулето „Масал“, кое се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром „Џ.Ф. Кенеди“.
Од друга страна, се дознава дека Каракуш во 2010 и во 2011 година имал проблеми со своите ортаци, со кои се тужел околу сопственоста на кафулето, бидејќи го обвиниле дека со лажни документи успеал да преземе дел од акциите на кафулето.