Aliia Raimbekova
15 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
НУР СУЛТАН (АА) - Резервите на ураниум на Казахстан изнесуваат 1,5 милиони тони, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот за енергетика на Казахстан, Асет Магауов, во своето обраќање во казахстанскиот Парламент, истакна дека Казахстан има значајно место во производството на ураниум во светот.
Магауов нагласи дека неговата земја поседува резерви на ураниум од 1,5 милиони тони.
„Во производството сме на прво место во светот. Минатата година произведовме 21,6 илјади тони ураниум“, додаде Магауов.
Тој рече дека со кинеските партнери во градот Оскемен изградиле фабрика за нуклеарно гориво, и дека очекуваат оваа година фабриката да се активира.
Казахстан годишно произведува над 20.000 тони ураниум од Јужно-казахстанската, Кизилординската и Акмолинската Област, а се наоѓа на лидерската позиција во оваа насока во светот.
Казахстан продава ураниум на Кина, САД, Јужна Кореа, Јапонија, Индија, и земјите членки на Европската Унија (ЕУ).