свет

Реакција од ОН за нападот на Хафтар врз болница во Триполи која се користела за Ковид-19

„Во време кога на граѓаните на Либија не им треба ништо друго освен безбеден дом и функционирање на здравствениот систем, добивме информации дека е нападната болница. Тоа е отворено кршење на меѓународното право.“

Bayram Altuğ  | 07.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Реакција од ОН за нападот на Хафтар врз болница во Триполи која се користела за Ковид-19

ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН), нападот врз болницата во Триполи која се користела за лекување од Ковид-19 од страна на милицијата на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на Либија, го оцени како отворено кршење на меѓународното право, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош (UNOCHA), Јенс Ларке, на прес-конференцијата одржана во седиштето на ОН во Женева преку видеоконференција се осврна на нападот врз болницата.

Ларке, без да прецизира кој ја нападна болницата, ја прочита изјавата на координаторот за хуманитарна помош за Либија на ОН, Јакуб Ел Хило, во врска со нападот.

Хило во својата изјава, наведувајќи дека е зачуден од нападот врз болницата „Ел Хадра“, рече: „Во време кога на граѓаните на Либија не им треба ништо друго освен безбеден дом и функционирање на здравствениот систем, добивме информации дека е нападната болница. Тоа е отворено кршење на меѓународното право.“

Нагласувајќи дека нападот не може да биде „прифатен“ во време кога здравствените институции и здравствените работници се борат на глобално ниво против пандемијата на Ковид-19, Хило рече дека либиските претставници се натпреваруваат против времето заедно со ОН и другите хуманитарни организации за да го спречат ширењето на Ковид-19 во земјата.

Споделувајќи ги информациите дека 27 здравствени установи биле оштетени на различни начини и дека 14 од нив биле целосно затворени, заклучно со март, Хило рече дека уште 23 здравствени установи се изложени на ризик да бидат затворени како резултат на конфликтите.

Во соопштението на операцијата „Вулкан на гневот“ при Владата на национално единство на Либија, која е призната од Обединетите нации (ОН), беше истакнато дека милициите на Хафтар ја нападнале болницата „Ел Хадра“, која е назначена за лекување на пациенти заразени со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.