свет

Расцутените бадемови цветови ја претворија Централната Долина во Калифорнија во „море од бели и розови цветови“

- Вообичаено цутат од средината на февруари до средината на март, претворајќи ги патиштата во цветни коридори долги стотици километри.

Sanja Kerazovska  | 04.03.2026 - Обновена : 04.03.2026
Расцутените бадемови цветови ја претворија Централната Долина во Калифорнија во „море од бели и розови цветови“ Tayfun Coşkun/AA

КАЛИФОРНИЈА (АА) - Бадемовите дрвја почнаа да цутат низ целиот округ Тулери, сигнализирајќи го почетокот на пролетта, која ги претвора огромните пространства на Централната Долина во Калифорнија во бесконечни розово-бели пејзажи, јавува Анадолу.

На повеќе од еден милион хектари, огромното пространство под бадемови насади создава уникатна глетка која доминира во Централната Долина, а се забележува и од главната сообраќајница, Автопатот 99.

Бадемовите дрвја вообичаено цутат од средината на февруари до средината на март, претворајќи ги патиштата во цветни коридори долги стотици километри.

Овој природен спектакл што се случува секоја година, привлекува бројни посетители во околината на Вајселија и низ целиот округ Тулери, кои доаѓаат за да бидат сведоци на овој импресивен приказ на американското земјоделство.

Врвот на сезоната на целосно цутење се очекува на почетокот на март, кога цветната крошна е најгуста и го достигнува својот максимален сјај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.