свет

Расте стапката на самоубиства во француската полиција, годинава 64 самоубиства

„Со оглед на денешната ситуација, 2019 година би можела да биде најлоша во последните 30 години“, рече Денис Јакоб, шеф на синдикатот на алтернативната полиција

Ekipa  | 18.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Расте стапката на самоубиства во француската полиција, годинава 64 самоубиства

ПАРИЗ (АА) - Од почетокот на годинава, во Франција самоубиство извршиле 64 полициски службеници, повеќе од бројот на настрадани полицајци на должност, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тројца припадници на полицијата за интервенции, полициски командант и наставник од Полициската академија, се меѓу осумте полицајци кои неодамна си го одзедоа животот.

Од полициските синдикати наведуваат дека на полицајците им е потребна заштита и помош за да се спречи овој растечки тренд.

Оние што бираат да стават крај на својот живот доаѓаат од сите делови на Франција и се од сите возрасти. Многумина зад нив имаат оставено малолетни деца.

Последниот случај на самоубиство се случи во средата во регионот на југоистокот на департманот Ардеш на југоистокот од земјата.

Парламентарната истрага објавена во јули наведе бројни причини од стрес и очај меѓу француските полицајци, па до прекувремената работа по серијата терористички напади што започнаа во јануари 2015 година, и повеќенеделните, а честопати многу насилни, антивладини протести на движењето „Жолти елеци“ од ноември минатата година.

„Со оглед на денешната ситуација, 2019 година би можела да биде најлоша во последните 30 години“, рече Денис Јакоб, шеф на синдикатот на алтернативната полиција.

Во минатогодишниот извештај на францускиот Сенат се наведува дека бројот на самоубиства меѓу полицајците за 36 проценти е поголем во однос на стапката на самоубиства на остатокот од населението во Франција.

Себастијан Роше, од Националниот центар за научни истражувања, изјави дека не постои студија со која би се разбрале причините за самоубиствата меѓу француските полицајци, ниту пак студија за влијанијата за проценка на мерките за превенција, што, како што рече, е „голем пропуст на Министерството за внатрешни работи“.

Роше не верува дека посттрауматското стресно нарушување е „коренот на проблемот“. Тој, исто така, го забележува и падот на бројот на самоубиства на полициските службеници во 2015 година, кога Франција беше цел на терористички напади кои кулминираа во ноември со нападот во Париз, кога загинаа 130 луѓе.

„Наеднаш, нивната мисија доби смисла. Населението ги сметаше за корисни“, рече Роше.

За споредба, во Соединетите Американски Држави (САД), каде што бројот на населението е петпати поголемо отколку во Франција, оваа година самоубиство извршиле 111 полицајци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın