Sayed Khodaberdi Sadat
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Бројот на загинатите во самоубиствениот напад врз шиитска џамија во Кабул, Авганистан, е зголемен на 30, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Исмаил Кавуси рече дека во нападот на џамијата се повредени околу 80 лица. Kaвуси рече дека се стравува оти бројот на жртвите може да се зголеми.
Фаредун Обајди, началник на крим-полицијата во Кабул, претходно соопшти дека утрово бомбаш-самоубиец влегол во џамијата и ја активирал експлозивната направа додека верниците се молеле.
Нападот беше осуден од претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.
Во нападот пред еден месец, во Кабул загинаа 14 лица, а одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.