Muhammed Akil,Mehmet Nuri Uçar
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
САНА (АА) - Дводневното примирје во Јемен, кое на сила стапи во саботата, беше прекршено 405 пати, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на јеменската армија се истакнува дека прекинот на огнот во оваа земја е прекршен 375 пати, а 30 пати примирјето е прекршено на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен.
Прекршувањето на примирјето во најголем дел е направено во Ал-Џауф и Таиз, кои се под опсада на Хусите. Во судирите се убиени 18 цивили, меѓу кои и две деца, а 27 лица се повредени.
Комитетот за надзор на примирјето во Taиз забележал дека Хусите целосно го окупирале градот, дека се прекинати патиштата до Сана, Ал-Худајдах и Адена, со што е оневозможен влезот на хуманитарната помош.
Примирјето стапи на сила во саботата, во 12 часот по локално време, со цел да биде доставена хуманитарната помош.
Властите во Јемен сѐ уште не се изјасниле дали примирјето ќе биде продолжено.