Ekipa
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција уапси седум лица во Стразбур и во Марсеј, со што, како што изјави министерот за внатрешни работи, Бернард Казенев бил спречен потенцијален напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
По апсењето Казенев истакна дека шестмината осомничени претходно не им биле познати на разузнавачките служби.
„Денешното апсење спречи терористички напад што беше планиран долго време“, рече францускиот министер не прецизирајќи ништо во врска со целта на нападот.
Последните апсења следуваа неколку дена по отворањето на Божиќниот пазар во Стразбур, кој секоја година привлекува голем број туристи од сите делови на Европа.
Казенев потсети дека овој месец во Франција се уапсени 43 лица како дел од анти-терористичките акции, по серијата смртоносни напади на ДЕАШ во таа земја во последните две години.