Haydar Karaalp
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
БАГДАД
Извршен е ракетен напад врз амбасадата на САД во Багдад, главниот град на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од безбедносни извори се дознава дека две ракети паднале во близина на амбасадата на САД во Багдад, која се наоѓа во Зелената зона на градот.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, може да се забележи дека се вклучил алармот за предупредување на американската амбасада.