Hakan Çopur
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ВАШИНГТОН
„Ниту еден Американец не е повреден во синоќешните ирански напади", порача американскиот претседател Доналд Трамп на прес-кофнеренцијата во Белата куќа во Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Додека јас сум американски претседател, на Иран нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје", истакна Трамп.
„Сега сме тука дас е бориме против заканите од нуклеарно вооружување кон цивилизираниот свет. Никогаш нема да дозволиме тоа да се случи. Минатата седмица презедовме мерки да ги запреме мерките кои им се закануваат на американските животи. Под моите упатства американската војска го елиминираше најголемиот терорист Касем Сулејмани", рече Трамп.
Според Трамп, Сулејмани планирал и нови напади врз американските цели.
„Но ние го запревме. Со неговото отстранување испративме сила порака на терористите: „Ако ги цените вашите животи тогаш нема да им се заканувате на животите на нашите луѓе бидејќи ние и понатаму ќе ги проценуваме можностите и опциите за закани кон американските граѓани"; рече Трамп.
Американскиот претседател рече дека САД и понатаму ги разгледуваат опциите на кој начин ќе одговорат на ракетниот напад на Републиканската гарда во вторникот вечерта.
„Ние цврсто стоиме, што е доро за сите страни и за целиот свет. Ниту еден Американец не е повреден во синоќешните ирански напади. Ниту еден Американец, ниту еден ирачки живот не е загубен поради преземените мерки", изјави Трамп.
Тој најави воведување нови економски санкции на Иран.
На прес-конференцијата, американскиот претседател Трамп изјави дека во иднина ќе побара НАТО да има поголем вклученост во Блискиот исток.