Mustafa Melih Ahıshalı
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ - Во иранската покраина Мазандаран дојде до сообраќајна несреќа по превртување на автобус. Во несреќата животот го загубија 20 лица, а 23 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна телевизија објави дека автобусот, што се движел на релацијата Техеран - Кунбед, се превртел кај местото Дуаб во покраината Мазандаран.
Според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 20 лица, а 23 се повредени.
По укажаната прва помош на местото на несреќата, повредените се префрлени во локалните болници.
Иран е земја во која на годишно ниво приближно 20.000 луѓе ги губат своите животи во сообраќајни несреќи. На прво место меѓу причините за несреќите се прекумерната брзина, возењето под замор и неправилното претекнување на возилата.