Zehra Ulucak
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
МЕКСИКО (АА) - Телото на Даниел Естебан Гонзалез, кој исчезна откако победи на изборите во мексиканската сојузна држава Гереро, е пронајдено по подолго од една година, јавува Агенција Анадолија (AA).
Сојузните обвинители во Гереро соопштија дека остатоците од телото на Гонзалез, кој исчезна на 2 септември 2018 година, се пронајдени на бреговите на реката.
Се наведува дека стручниот тим излегол на терен и дека ДНК-анализата покажала оти остатоците припаѓаат на Гонзалез.
Неговата сопруга Едит Лопес Ривера претходно изјави дека нејзиниот сопруг и возач исчезнале по состанокот со еден парламентарец во градот Тлапа.
Одредени членови на семејството за исчезнувањето на Гонзалез, кој на изборите во Кочоапа ел Гранде победи како кандидат на Демократската револуционерна партија (PRD), за одговорна ја сметаат противничката Институционално револуционерна партија (PRI).