Haydar Karaalp
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
БАГДАД (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, пристигна во ирачкиот главен град, Багдад, каде што ќе реализира официјална посета, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на Меѓународниот аеродром во Багдад беше пречекан од страна на заменик-шефот на ирачката дипломатија, Абдулкерим Хашими, и од амбасадорот на Турција во Багдад, Фатих Јилдиз.
Турскиот министер тргна кон премиерскиот Кабинет во Багдад, каде што ќе се сретне со ирачкиот премиер Адил Абдулмехди.
Исто така, се очекува дека Чавушоглу ќе се сретне и со претседателот на Ирак, Берхем Салих, со ирачкиот министер за надворешни работи, Мухамед Али ел Хеким, и со претседателот на ирачкиот Парламент, Мухамед ел Халбуси.