Sayed Khodaıberdı Sadat
09 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
КАБУЛ
Со одлука на претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, основано е Министерство за мир со цел да се забрзаат мировните преговори со Талибанците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По одобрувањето на Парламентот, Министерството за мир својот прв состанок го одржа во главниот град Кабул.
Заменик-министерот за мир, Гулам Јахја Абас, во својот говор на состанокот рече дека Министерството ќе работи на подобро координирање на мировните преговори и на тоа да ги собере сите институции и организации под еден чадор, каде што ќе можат да преговараат за мирот.
Абас рече дека во однос на мировниот процес со Талибанците, ним ќе им помогне и Високиот мировен совет, кој има искуство.
Тој, исто така, рече дека ќе направат сериозни напори за почеток на мировните преговори со Талибанците.
Високиот мировен совет на Авганистан е основан во 2010 година од страна на поранешниот претседател Хамит Карзаи.
- Процесот на мировните преговори
Талибанците, кои се најголемата закана за Владата предводена од Гани, својата доминација ја одржуваат во многу делови на земјата.
Иако Владата во последниве години постојано се обидуваше да ги започне мировните преговори со Талибанците и формираше Мировен совет во овој контекст, сè уште не се постигнати резултати.
За време на владеењето на поранешниот претседател Хамид Карзаи, првите контакти меѓу авганистанската администрација и Талибанците требаше да се одржат во Доха, главниот град на Катар, во јуни 2013 година. Но, Владата на Авганистан се предомисли за преговорите, откако Талибанците во канцеларијата ја ставија таблата на која пишуваше „Исламски Емират на Авганистан“ и таканареченото нивно знаме.
Канцеларијата беше затворена по еден месец и мировните преговори беа прекинати.
- Трамп ги прекина преговорите
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги откажа мировните преговори меѓу неговата земја и Талибанците што започнаа во декември 2018 година, по бомбашкиот напад на Талибанците врз американските војници во Авганистан на 5 септември.
Откако преговорите беа прекинати, Талибанците се обидоа да најдат решение во Русија со цел да ги продолжат мировните преговори и испратија делегација во главниот град Москва.