Alı H. M. Abo Rezeg
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либискиот Парламент во Триполи го поздрави заедничкиот повик од страна на турскиот и рускиот претседател за прекин на огнот во таа земја, што е погодена од војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ниту каква било иницијатива не смее да влијае на правото на Владата на национална спогодба и нејзината национална Армија да го бранат либискиот народ и главниот град Триполи“, се вели во соопштението на Парламентот.
Во соопштението се потврдува дека либиската криза треба да се реши само со политички средства.
„Страната што ја започна војната - силите на Калифа Хафтар - не може да биде дел од какво било политичко решение“, се додава во соопштението.
Хафтар, кој командува со силите стационирани во источна Либија, на 4 април започна офанзива за заземање на Триполи од Владата на национална спогодба признаена од ОН. Според бројките на ОН, над илјада лица се убиени од почетокот на операцијата, а повеќе од 5.000 се повредени.
Осврнувајќи се на Египет и Обединетите Арапски Емирати, во соопштението исто така се повикувааат земјите што го поддржуваат Хафтар да престанат со тоа и да размислат повторно за нивниот став.
Турскиот и рускиот претседател во заедничко соопштение по вчерашниот состанок во Истанбул повикаа на прекин на огнот во Либија.
Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин ја потврдија својата силна посветеност кон суверенитетот, независноста, територијалниот интегритет и националното единство на Либија.
Турскиот Парламент на 2 јануари усвои одлука со која ѝ се дозволува на Владата да испраќа трупи на барање на Владата на национална спогодба, која беше заробена од силите на Хафтар.
Воениот лидер Хафтар, поддржан од Египет и Обединетите Арапски Емирати, постигна значителен напредок во последните неколку недели.