свет

Разговори на Талибанците со САД за деблокирање на авганистанските девизни резерви

Привремениот министер за надворешни работи на Авганистан, Мутаки и специјалниот претставник на САД одржаа дводневен состанок во Доха

Riyaz Khaliq Khaliq  | 01.07.2022 - Обновена : 01.07.2022
Разговори на Талибанците со САД за деблокирање на авганистанските девизни резерви

ИСТАНБУЛ (АА) - Високите функционери на Авганистан и Соединетите Американски Држави (САД) одржаа дводневен состанок за да разговараат за можно деблокирање на девизните резерви во оваа земја без излез на море, јавува Агенција Анадолија (АА).

Привремениот министер за надворешни работи на Авганистан, Мавлави Амир Кан Мутаки, се сретна со специјалниот претставник на САД за Авганистан, Томас Вест во Доха, Катар.

На двете страни им се придружиле и претставници од Министерството за финансии и од финансискиот и банкарскиот сектор на состанокот кој заврши вчера.

Портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки, соопшти дека претставникот на американското Министерство за финансии ги елаборирал „неговите разговори со американското Министерството за правда и правните експерти за замрзнатите авганистански средства “.

Од минатата година, привремената Талибанска администрација бара од САД деблокирање на 7 милијарди долари од девизните резерви на Авганистан. САД одлучија да донираат половина од резервите за жртвите од 11 септември, потег кој предизвика критики.

„Состанокот, исто така, покри различни политички, економски и хуманитарни прашања“, се додава во соопштението.

Мутаки ѝ кажал на американската страна дека Авганистан искусува позитивни промени откако талибанците се вратиле на власт минатиот август, а безбедносната ситуација во Авганистан ја нарече „извонредна и примерна“.

САД најавија 55 милиони долари хуманитарна помош за погодените од земјотресот во Авганистан.

Авганистанската страна ја поздрави помошта, истовремено повторувајќи го своето барање за одмрзнување на авганистанските средства и укинување на санкциите за талибанските лидери и банкарскиот сектор на земјата.

„Ангажманот со новата авганистанска исламска Влада треба да биде кооперативен и позитивен наместо [да се употребуваат] тактиките на притисок за да се постигне напредок“, нагласи Мутаки.

Тој го повтори ветувањето на талибанците за Договорот од Доха, велејќи дека тие „остануваат посветени кон тоа да не дозволат никој да ја користи територијата на Авганистан за да им наштети на соседните и земјите во светот“.

Британскиот амбасадор Хуго Шортер, исто така го повика Мутаки во Доха.

Владата на Велика Британија најави над 4,2 милиони долари помош за жртвите од земјотресот во Авганистан.

Во твит по средбата, Шортер повика на „важноста на политичката инклузивност и почитување на човековите права, вклучувајќи го правото на образование на сите девојчиња“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.