свет

Украина: Бројот на загинати во рускиoт ракетен напад врз трговскиот центар се искачи на 19

Според украинските воздухопловни сили, трговскиот центар е погоден од две ракети со долг дострел Х-22 истрелани од бомбардери Ту-22М3 кои полетале од Аеродромот „Шајковка“ во рускиот регион Калуга

Burak Dağ  | 01.07.2022 - Обновена : 02.07.2022
Украина: Бројот на загинати во рускиoт ракетен напад врз трговскиот центар се искачи на 19

АНКАРА (АА) - Бројот на загинати од минатонеделниот ракетен напад врз трговскиот центар во украинскиот град Кременчук се искачи на 19, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА)

Според украинските воздухопловни сили, трговскиот центар е погоден од две ракети со долг дострел Х-22 истрелани од бомбардери Ту-22М3 кои полетале од Аеродромот „Шајковка“ во рускиот регион Калуга.

„Како резултат на ракетниот напад, 19 лица загинаа, 62 лица се повредени, а 26 од нив се хоспитализирани“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Твитер.

Се наведува дека спасувачите пронашле уште 6 дела од тела на местото на трговскиот центар „Амстор“, и се додава дека од почетокот на операцијата за спасување биле пронајдени вкупно 28 дела од тела.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека за време на нападот во трговскиот центар имало над 1.000 цивили.

Зеленски во вторникот побара од Обединетите нации (ОН) да испратат претставник или одредена комисија за да ја истражи локацијата.

Од почетокот на војната на 24 февруари, во Украина загинале над 4.700 цивили.

Над 14 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, од кои 7,7 милиони пребегале во други земји, според бројките на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.