свет

Откажувањето и доцнењето на летовите и понатаму проблем за британските туристи

„Бритиш ервејс“ најави намалување за 10 отсто на бројот на летови од март до октомври, што изнесува околу 80.000 лета

Ekipa  | 01.07.2022 - Обновена : 01.07.2022
Откажувањето и доцнењето на летовите и понатаму проблем за британските туристи

ЛОНДОН (АА) - Проблемите на британските туристи продолжуваат и во јули поради хаосот и откажувањето на летовите на авиокомпаниите и аеродромите во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Бритиш ервејс“ најави намалување за 10 отсто на бројот на летови од март до октомври, што изнесува околу 80.000 лета.

Вработените во авиокомпанијата на аеродромот „Хитроу“ одлучија да штрајкуваат затоа што намалувањето на платите од 10 отсто воведено за време на пандемијата на Ковид-19 не е поништено.

И „Рајанер“ и „ИзиЏет“, исто така беа погодени од штрајк на персоналот во Шпанија, популарна дестинација за летен одмор за британските туристи.

Летовите се откажуваат за краток рок, а авиокомпаниите за тоа го обвинуваат недостигот на персонал, односно како главна причина го наведуваат Брегзит.

„Има помалку луѓе, тоа е само математика. Моравме да одвратиме голем број граѓани на ЕУ поради Брегзит“, изјави извршниот директор на „ИзиЏет“, Јохан Лундгрен за „Индепендент“.

Британскиот секретар за транспорт, Грант Шапс, објави план од 22 точки за справување со кризата, кој од секторот беше означен како разочарувачки бидејќи претставува повторување на претходните најави.

Британската секретарка за транспорт во сенка, Луиз Хеј, рече дека Британците со недели се соочуваат со проблеми со патувањето и дека не постојат активности од Владата.

„Овие повторно објавени половични мерки нема да направат ништо за да се решат огромните доцнења во безбедносните проверки и во решавањето на ниските плати што ја кочат индустријата“, рече таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.