Elena Teslova
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во првиот месец од 2020 година, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашањето дали Путин ќе учествува на свеченото отворање на гасоводот „Турски тек“, Песков потврди дека посетата била планирана за време на еден од последните разговори меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Путин.
„Во јануари 2020 година, кога ќе биде готов копнениот дел од проектот „Турски тек“ во Турција, претседателот Путин ќе ја посети Турција, а подготовките за посетата се во тек“, изјави Песков пред новинарите во Москва.
Гасоводот „Турски тек“ има вкупен капацитет од 31,5 милијарди метри кубни, од кои првата линија ќе пренесува 15,75 милијарди метри кубни руски гас за турските потрошувачи. Втората линија ќе пренесува уште 15,75 милијарди метри кубни гас до Европа преку Турција.
Европската рута за „Турски тек“ сè уште не е официјално објавена.