Sena Güler
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ДОХА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се состана во Доха со катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамид Ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
По свечениот прием со највисоки држави почести, катарскиот емир Ал Тани во палатата го прими турскиот претседател Ердоган, а состанокот е одржан зад затворени врати.
По завршување на состанокот лидерите на двете земји Ердоган и Ал Тани присуствуваа на церемонијата на потпишување на седум билатерални договори кои дополнително ја интензивираат меѓудржавната соработка на Турција и Катар во областа на економијата, урбанизмот, индустријата, технологијата и стандардизацијата.
Шефовите на турските и катарските дипломатии Мевлут Чавушолгу и Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани потпишаа заедничка изјава по одржаното петто заседавање на Советот за турско-кататска стратешка соработка.
Ердоган во официјална посета на Катар го придружува бројна делегација на високи функционери на Турција меѓу кои се и турскиот министер за урбанизам и животна средина Курат Курум, министерот за млади и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу, министерот за финансии и трезор Берат Албајрак, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рхсар Пекчан, шефот на Дирекцијата за комункации при Кабинетот на турскиот претседател Фахретин Алтун, гласноговорник на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин и шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан.