Emre Gürkan Abay
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин, во средата во Сочи изјави дека руските воени бродови ќе бидат постојано во готовност во водите на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот со претставниците на руското Министерство за одбрана во Сочи, рускиот претседател укажа и на потребата за продолжување на поморските вежби со долг домет.
„Поради ризикот од напади од страна на меѓународните терористи во Сирија, руските воени бродови, вооружени со ракети „калибар“, постојано ќе бидат на стража во водите на Медитеранот“, рече Путин.
Тој, исто така рече и дека оваа година планираат 102 експедиции на бродови и подморници. Крстосувачките руски ракети „Калибар-НК“, со домет од 2.500 километри, за првпат беа искористени во Сирија во октомври 2015 година.