Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните и копнените напади на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад извршени во Идлиб и Хама загинаа осум лица, а две се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Челникот на Цивилната заштита („Бели шлемови“) во Хама, Ахмет Невруз, изјави дека тоа подрачје долго време е цел на режимските напади.
Невруз изјави дека во нападот на цивилните возила извршен во местото Мансури во Хама загинале седум цивили.
„Во воздушниот напад во Јиср ек-Кирир, Идлиб, загина еден цивил, а двајца се ранети“, појасни Невруз.
Идлиб и северниот дел на Хама, кои се наоѓаат во близина на границата со Турција, на состанокот одржан во мај во Астана се прогласени за зони без судир.
Подрачјето под контрола на воената опозиција и антирежимските групи е честа цел на напади на силите на режимот на Асад и Русија.