Andjelija Stojkovic
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
БЕЛГРАД (АА) - Две лица загинаа при пад на спортски авион во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што беше соопштено за Anadolu Agency (AA) од Министерството за внатрешни работи на Србија, несреќата се случила околу 19.20 часот, во близина на спортскиот аеродром во Земун Поле, при што животот го загубија две лица.
Станува збор за ултралесен спортски авион.
Како што изјави портпаролката на итната медицинска помош за белградските медиуми, Нада Мацура, во несреќата загина маж и жена.