Afra Aksoy
17 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Израелската војска во Појасот Газа гранатираше позиции на бригадата Изедин ел Касам, военото крило на Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските воени авиони гранатираа позиции на Хамас северно и западно од Газа. Палестински извори наведуваат дека со четири ракети се гранатирани позициите на бригадата Изедин ел Касам во Беит Лахија, северно од Газа.
Од Министерството за здравство на Палестина соопштуваат дека во првиот напад е ранет еден Палестинец. Израелската војска и во средата ги бомбардираше позициите на Хамас во источниот дел на Газа.
Израелските сили усмртија 62, а ранија најмалку 3.000 Палестинци кои учествуваа на масовните демонстрации организирани во знак на протест поради префрлањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и во знак на сеќавање на Накба (Големата катастрофа) и големиот егзодус на Палестинците од матичната земја спроведен од страна на Израел.
Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) претходно соопшти дека се повредени повеќе од илјада малолетни учесници во Големиот марш за враќање, кој на границата на Газа започна на 30 март.