Emel Öz Gözellik
17 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
АНКАРА (АА) - При потонување на траект во река во јужниот дел на Индија загинаа најмалку 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на премиерот на Андра Прадеш, Нара Чандрабабу Наиду, наведуваат дека од 44 лица, колку што се наоѓале на траектот, ги пронашле телата на 12 лица.
Траектот потона синоќа во реката Годавари. Наиду истакна дека 22 лица од траектот, пливајќи стигнале до брегот. Тој нагласи дека трагаат по телата на десет лица.
Екипите за пребарување и спасување вчера пронајдоа четири тела.
До вакви несреќи во Индија доаѓа често поради преголемиот товар и неодржувањето на пловилата. Во слична несреќа до која дојде во ноември минатата година во покраината Андра Прадеш загинаа 19 лица.