Selma Kasap
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
АНКАРА (АА) - СЕЛМА КАСАП - Терористичката организација ФЕТО, именувајќи ги своите училишта и универзитети во странство по истакнати личности на турскиот и исламски свет, ја применува тактиката на освојување на довербата на локалното население.
Според информациите до кои дојде Anadolu Agency (AA) од претставниците на турската Фондација „Маариф“, која е единствена институција која покрај Министерството за национално образование на Република Турција, има овластување да отвори директна образовна установа во странство во име на Турција, ФЕТО ги именувала универзитетите кои ги отворила во Турција со таканаречени образовни цели, по истакнати личности од турската историја како Орхангази, Селахадин Ејуби, Меликшах, Мевлана, Тургут Озал, Кануни, Мурат Худавендигар и Сулејман Шах.
Откриено е дека ФЕТО истата тактика ја користела и во училиштата кои ги отворила во странство.
Колеџот „Јахја Кемал“ во Македонија, како и средното училиште „Фатих“ со 650 ученици во Инденезија кое го носи името на Фатих Султан Мехмет, исто така се наоѓаат меѓу тие училишта кои се отворени за исти цели.

Исто така е откриено дека оваа организација ги злоупотребувала чувствата на народот во регионот, именувајќи ги по истакнати личности своите основни и средни училишта, како и некои универзитети во странство.
ФЕТО ја применувала тактиката на освојување на довербата на локалното население, користејќи ги имињата на истакнати личности од турскиот свет, како што се поранешните претседатели на Турција, Тургут Озал и Сулејман Демирел, и познатите писатели Јахја Кемал и Мехмет Акиф.
ФЕТО во Албанија поседува училишта кои од 1993 година нудат услуга за предучилишно, основно и средно образование, кои го носат името на 8. претседател на Турција, односно колеџот „Тургут Озал“ кој работи во Тирана и Драч, каде што се образоваат 3.000 ученици.

Исто така, ФЕТО во 2006 година го отвори колеџот „Мехмет Акиф“ во Косово, во кој своето образование го стекнуваат 3.000 ученици.
Оваа организација поседува универзитет во Казахстан во кои се наоѓаат 2.000 студенти. Ова училиште е именувано по 9. претседател на Турција, Сулејман Демирел.

- „ФЕТО се обиде да добие престиж“
„ФЕТО се обиде да добие престиж со именување на некои универзитети во Турција по истакнати личности на турско-исламската историја. ФЕТО моментално и во странство продолжува да ја користи истата тактита. Користејќи ги овие имиња за камуфлирање на својата вистинска намера, ФЕТО ги злоупотребува чувствата на народот“, истакнаа претставниците на турската Фондација „Маариф“ околу ова прашање.