Emre Gürkan Abay
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрет за зголемување на затворската казна за оние кои бегаат од мобилизација, известува Агенција Анадолија (АА).
Според декретот што го потпиша Путин, извршени се некои измени во воениот казнен закон на Русија.
Во согласност со тоа, војниците кои доброволно ѝ се предаваат на непријателската војска би можеле да бидат осудени на 10 години затвор, а оние кои извршуваат грабеж во војна, можат да се соочат со казна до 15 години затвор.
Казната за бегство од служење на воениот рок за време на мобилизација е зголемена од 5 на 10 години.
Со уште еден декрет што го потпиша Путин е олеснет процесот за добивање руско државјанство за странски државјани кои служеле во руската Војска со договор подолг од една година.
Законите минатата недела ги одобри Думата, долниот дом на рускиот Парламент, а потоа и Советот на Федерацијата.