Ali Cura
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон разговараа телефонски за Сирија и укажаа на важноста од евакуација на цивилите од Источна Гута, како и протокот на хуманитарна помош во тој дел од Сирија, соопштено е од Кремљ, прнесува Anadolu Agency (AA).
Рускиот претседател го информираше Макрон за трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран, чијa тема беше Сирија, а кој се одржа пред неколку дена во Анкара.
Тој укажа на потребата за поддршка на политичко решение во оваа земја, во согласност со одлуките на Конгресот на сирискиот национален дијалог.
Путин ја истакна важноста за брзото формирање на Уставната комисија во Женева, под покровителство на Обединетите нации.
Претседателите го поддржаа продолжувањето на консултациите меѓу Русија и Франција за клучните прашања за сириската криза.