Selen Temizer
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
АНКАРА (АА) - Дипломатски извори наведуваат дека состанокот на работната група на Турција и САД го чекаат именувањето на новиот министер за надворешни работи на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Извор од Министерството за надворешни работи на Турција потсети дека за време на посетата на Анкара од страна на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон, постигнат е одреден договор меѓу САД и Турција по прашањето за Сирија. Истиот извор тврди дека првиот состанок на работната група меѓу САД и Турција, одржан на 8. март, се одвивал во многу конструктивна атмосфера.
На состанокот наводно станало збор за потенцијална соработка меѓу двете земји. „Започна со конструктивен разговор меѓу двете земји. Сега чекаме американските власти да го именуваат новиот државен секретар“, изјави извор од Министерството за надворешни работи на Турција.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, со поддршка на американскит сили го окупираше Мунбич во август 2016 година. Турските сили кон крајот на јануари оваа година започнаа антитерористичка операција „Маслинова гранка“ и од рацете на терористите на ЈПГ/ПКК го ослободи широкиот регион на Африн.
Официјална Анкара најави можно продолжување на операцијата „Маслинова гранка“ и во Мунбич, доколку терористите не го напуштат градот. САД ја поддржува терористичката група ЈПГ/ПКК за која Турција предупредува дека е сириски огранок на терористичката организација ПКК, што е едно од жешките отворени прашања во турско-американските односи.
Американската војска во моментов во Мунбич има три места за набљудување. Турција и САД неодамна формираа работна група за надминување на несогласувањата и спречување на несаканите директни судири во Сирија.