Yusuf Özcan
03 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
ПАРИЗ (AA) - Во текот на протестите на „жолтите елеци" во Франција, во период од 17 ноември до 17 декември приведени се најмалку 4.570 лица, меѓу кои за 216 лица е одреден притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Министерството за правда на Франција, во текот на протестите на жолтите елеци ширум земјата приведени се најмалку 4.570 лица, меѓу кои се 1.567 нив во главниот град Париз.
Од вкупниот број приведени за 216 лица одреден е притвор, додека е во тек криминалистичка обработка над најмалку 697 лица.
Во текот на демонстрациите често доаѓаше до судири на демонстрантите и полицијата, запален е голем број автомобили, а ограбени се продавници.
Протестите на „жолтите елеци" беа насочени против францускиот претседател Емануел Макрон, кој прифати неколку нивни барања поврзани за даночни олеснувања и економска помош.
Движењето „жолти елеци" со протести започна на 17 ноември поради зголемување на данокот на гориво, а наречени се „жолти елеци" по флуоросцентната опрема која возачите по закон мора да ја имаат во автомобилите.
Во текот на протестите до сега загинаа 10, а повредени се повеќе од илјада лица.