Abdullah Aşıran
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
РОТЕРДАМ (АА) - На осомничениот за тероризам, кој на 31 декември 2018 година беше приведен во холандскиот град Ротердам, којшто се доведува во врска со терористичката организација ФЕТО, му е одреден двонеделен притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од холандското Обвинителство е потврдено дека 24-годишниот осомничен за тероризам, кој е приведен во понеделникот, ќе остане во притвор две недели.
Нагласено е, исто така, дека постои сомнеж оти уапсеното лице е поврзано со тероризам, дека е фатено поради сомнеж дека подготвувало терористички напад и дека со таа цел собирало информации преку интернет.
Холандската полиција соопшти дека ќе ја истражи информацијата што ја споделила Холандската разузнавачко-безбедносна служба (AIVD), а според која осомничениот бил активен во рамките на терористичката организација Ал Каеда.
Холандската полиција во понеделникот го уапси 24-годишното лице во Ротердам, за кого е утврдено дека престојувал во студентски дом поврзан со терористичката организација ФЕТО.
Уапсеното лице во Ротердам работело во агенција за одржување куќи, а дополнително е утврдено дека една година престојувал во домот „Акјазили“, кој инаку е дом кој работи во состав на терористичката организација ФЕТО.
Холандската полиција изврши претрес во споменатиот дом, а при претресот се запленети работи од собата во која престојувало уапсеното лице.