свет

Протести во Франција: Незадоволство поради убиството на Афроамериканците Флојд и Траоре

Аса Траоре, сестрата на убиениот Адама, порача дека денешната борба не е само борба на семејството Траоре, туку на сите граѓани кои излегле на улиците

Yusuf Özcan  | 03.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Протести во Франција: Незадоволство поради убиството на Афроамериканците Флојд и Траоре ( Foto: Julien Benjamin Guillaume Mattia / Anadolu Agency )

ПАРИЗ

Илјадници луѓе вчера излегоа на протести на улиците во Париз поради убиството на 24-годишниот Адама Траоре, кој во 2016 година беше убиен во француски притвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).

И покрај забраната за собир која ја издаде Кабинетот на гувернерот на Париз, демонстрантите се собраа во Палатата за правда на повикот: „Колективна правда за Адама“. Простестираа против полициското насилство.

Аса Траоре, сестрата на убиениот Адама, порача дека денешната борба не е само борба на семејството Траоре, туку на сите граѓани кои излегле на улиците.

„Додека се бориме поради смртта на Џорџ Флојд, во исто време се бориме и за Адама Траоре“, изјави таа во обраќањето на насобраните граѓани.

За време на протестите дојде до напнатост, па полицијата интервенира со солзавец.

Според податоците на полицијата, на протестите присуствуваа 19.000 лица. Меѓу нив беа и „Жолтите елеци“.

Во обдуцискиот извештај, кој е објавен на барање на семејството на Адама Траоре, се наведува дека црномурното момче било задавено при полициска интервенција.

Траоре е убиен на 19 јули во 2016 година во полициски автомобил за време на негово пренесување до полициската станица, бидејќи за време на идентификациската контрола дошло до напнатост.

Според првичните извештаи, на Адама му се слошило и интервенирала екипата за брза помош.

Меѓутоа, подоцна е утврдено дека Траоре починал и пред интервенцијата на лекарите.

Иако не е подигната истрага против агенциите за спроведување на законот кои биле вклучени во инцидентот, не дошло до правосудна постапка. По неговата смрт се случија голем број протести.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.