Ekipa
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
ЛОНДОН (АА) - Илјадници демонстранти се собраа денес (1 мај) во Лондон, Велика Британија, во знак на протест против контроверзниот Нацрт-закон со кој се планира зголемување на полициските овластувања против демонстрантите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нацрт-законот за кривичните дела, казнувањето и судовите планира да ѝ даде поголема моќ на полицијата во Англија и Велс во наметнувањето услови за ненасилните протести, вклучително и оние што се сметаат за премногу бучни или непријатни.
Контроверзниот Предлог-закон се најде на удар особено по полициската интервенција и апсењето на некои жени при мирно бдение во Клапхам, Лондон, по повод киднапирањето и убиството на Сара Еверард од полицаец кој не бил на должност, на почетокот на овој месец.