Emre Aytekin
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) донесена е одлука за продолжување на обврската за носење маска во јавниот превоз до септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управата за безбедност во сообраќајот објави дека указот за задолжително носење маска, објавен на 1 февруари, а кој е на сила до 11 мај, е продолжен до 13 септември.
Според овој пропис, задолжително е носењето маска во авиони, возови, автобуси и други возила за јавен превоз, како и на аеродромите и железничките станици.
Оние што ќе го прекршат прописот ќе се соочат со парична казна до 1.500 долари.
Децата под две години и одредени лица со попреченост ќе бидат изземени од мерката.