Emre Aytekin
01 Мај 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
АНКАРА
18 пациенти кои се лекуваа од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починаа во пожар кој избувна во болницата во државата Гуџарат, во западниот на Индија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во попладневните часови во приземјето на болницата во градот Бархуч, во Гуџарат избувна пожар во одделот за интензивна нега во кој се лекуваа пациентите заразени со Ковид-19.
Во пожарот починаа 18 пациенти поврзани на респиратор, а спасени се 31 пациент кој се лекуваа во истиот оддел.
На 23 април избувна пожар во одделот за интензивна нега во болницата во градот Вирар, во областа Мумбај, во кој починаа 13 пациенти кои беа лекувани од Ковид-19.
Зголемениот број на случаи на Ковид-19 во Индија последните неколку недели го доведе до степен на колапс веќе кревкиот здравствен систем.
Додека стапката на исполнетост во болниците во индиските држави во кои случаите на заразеност се интензивирани ги достигна своите граници, во исто време постојат проблеми во снабдувањето со лекови, кислород и други медицински материјали.