Zehra Ulucak
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - За време на врнежи од дожд во Мексико паѓале риби од небото, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на Агенцијата за цивилна заштита соопштија дека во градот Тампико, во мексиканската сојузна држава Тамаулипас, покрај врнежите од дожд, врнело и риби.
Преку својот профил на социјалните мрежи, агенцијата сподели фотографија на којашто се гледаат 4 мали риби во кеса и една риба на тротоарот.
За овој природен феномен кој се среќавал и во минатото, научниците велат дека тој настанува така што бурата ги вшмукува рибите од водените површини од една територија и ги испушта на друга територија, што наликува на врнеж.