Erdoğan Çağatay Zontur
27 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Шеснаесет припадници на турската Команда на воздухопловните сили се приведени низ Турција поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Шеснаесетте осомничени биле дел Командата на воздухопловните сили, од 33 членови на персоналот, за кои обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување поради наводи за нивна комуникација со припадниците на ФЕТО преку говорници“, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Полициските рации беа започнати истовремено низ 20 области, со цел да се фатат осомничените“, додава изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.