Emel Öz Gözellik
27 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 12 лица починаа, а 800 се заболени од тешки болести на дишните патишта поради користење електронски цигари, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) наведе дека постои претпоставка оти електронските цигари предизвикуваат „мистериозни болести на белите дробови“. Соопштија дека досега се регистрирани 805 заболени лица.
Од Центарот потврдија дека починале 12 лица, а започната е опсежна истрага во врска со овој случај.
Експертите наведуваат дека болеста е слична со оштетување на белите дробови предизвикано од вдишување.
Првите случаи на „мистериозни болести на белите дробови“ во САД, за кои се претпоставува дека се предизвикани со користење електронски цигари, се појавија во април.