Yusuf Hatip
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Давид Сасоли, донесе одлука да остане во карантин во неговиот дом поради тоа што викендот бил во посета на Италија, каде што се откриени голем број случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сасоли објави соопштение во кое нагласи: „Поради тоа што изминатиот викенд го поминав во Италија, како превентива мојата работа како претседател ќе ја извршувам од мојот дом во Брисел.“
Тој нагласи дека во наредните две недели ќе остане дома, упатувајќи апел до сите да бидат одговорни и внимателни поради коронавирусот.
Генералното собрание на Европскиот парламент, што се планираше да се одржи оваа недела во францускиот град Стразбур, се одржува во белгискиот главен град Брисел поради Ковид-19.