Ata Ufuk Şeker
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
СТРАЗБУРГ (АА) - Европскиот парламент (ЕП) одобри да се формира нов обвинителен орган кој ќе се занимава со финансиски криминал во Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на ЕП во Стразбур беше разгледан предлогот за формирање Канцеларија за Европско јавно обвинителство (EPPO).
Европарламентарците го одобрија предлогот за формирање на новото обвинителство, EPPO, кое ќе се занимава со финансиски криминал.
Се планира со формирањето на новото обвинителство, земјите-членки на ЕУ да имаат поблиска меѓусебна соработка на полето финансии. Се предвидува обвинителството на ЕУ да биде активно во спроведувањето истраги и судски процеси против криминални активности поврзани со буџетот на ЕУ, со цел извлекување финансиска корист.
Дваесет земји-членки на ЕУ се договорија да се формира обвинителство на ЕУ со седиште во Луксембург. Своето учество во новото Европско јавно обвинителство го потврдија Белгија, Бугарија, Хрватска, Грчката администрација Јужен Кипар, Чешка, Естонија, Германија, Грција, Шпанија, Финска, Франција, Летонија, Литванија, Луксенбург, Португалија, Романија, Словенија, Италија и Австрија. Шведска, Холандија, Малта, Унгарија, Полска, Англија, Ирска и Данска сѐ уште не се приклучија во формирањето на новото обвинителство.
Првиот предлог за формирање европско јавно обвинителство е даден во 2009 година.