Hasan Esen
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент (ЕП) упати повик да се спречи насилството над татарскиот народ на Крим, полуостров кој во 2014 беше анектиран од страна на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на ЕП во Старзбур се зборуваше за состојбата на татарскиот народ на Крим.
Членовите на ЕП изразија осуда за затворските казни изречени на замениците на Националното собрание на кримските татари, Илми Умеров и Ахтем Чијѓоз, и порачаа дека се работи за одлука што е во спротивност со човековите права. Членовите на ЕП повикаа одлуката да биде итно повлечена.
Пратениците исто така упатија повик да се ослободат татарските лидери, да се повлечат сите обвиненија на сметка на новинарот Микола Семена.
Исто така, нагласено е дека анексијата е противзаконска, и дека се прекршени и меѓународните и европските закони, чии потписнички се Русија и Украина.
По обраќањето, пратениците на ЕП изгласаа и прелог со којшто се укажува на кршењето на човековите права во Крим, и осудено е насилството врз кримските татари.
Со предлогот којшто не е обврзувачки, упатен е повик до Советот на ЕУ да се поддржи обвинението на Украина против Русија, кое земјата гго поднесе до Меѓународниот суд за правдата, за финансирање на сепаратистичките бунтовници и расната дискриминација на етничките Татари и Украинци од анектираниот Крим.
Русија на 18 март 2014 година незаконски го припои Крим и градот Севастопол. По избивањето на кризата во источниот дел на Украина, САД и другите земји започнаа со воведувањето санкции против Русија.
Судот во Крим минатиот месец го осуди Илми Умеров, поранешен заменик-претседател на меџлисот, тело кое ги претставуваа кримските Татари, на две години затвор поради коментарот што го даде во врска со анексијата на телевизија. Ахтем Чијѓоз е осуден на осум години затвор.