Fuat Kabakçı
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ПЕКИНГ - Најмалку 12 луѓе се водат за исчезнати откако се судрија два кинески брода во меѓународни води, северно од јапонските острови Оки, јавува Anadolu Agency (AA).
Провладината кинеска медиумска куќа „Glbal Times“ (Глобал Тајмс) објави дека судирот се случил на околу 400 километри северно од островите Оки, а во судирот учествуваа еден рибарски брод тежок 300 тони и танкерот „Блајт Оил Лаки“, тежок околу 63.000 тони.
По судирот, рибарскиот брод потона, а најмалку 12 членови на екипажот се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи на јапонските и кинеските крајбрежни сили пристигнаа на местото на настанот, а причината за судирот дополнително ќе биде испитана.