Abdel Razek Abdallah,Hacer Başer
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АЛЖИР (AA) – Претседателот на Алжир Абделазиз Бутефлика поднесе оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Абделазиз Бутефлика претседателот на Уставниот совет официјално информираше за својата одлука за завршување на функцијата претседател", јави алжирската новинска агенција APS.
Начелник на Генералштабот на алжирската војска Ахмед Кајед Салех претходно го повика Бутефлика веднаш да поднесе оставка. Ситуацијата во земјата ја опиша како тврдоглавост на груговите кои не придаваат важност освен на сопствените интереси.
Потсетуваме, Бутефлика во понеделник соопшти дека ќе поднесе оставка пред 28 април, кога му истекува мандатот.
Во сабота неколку илјади граѓани се собраа во главниот град на Алжир на протест со кој побараа од алжирскиот претседал да отсапи од функцијата.
Граѓаните се собраа на плоштадот Ал-Берид во Алжир, носеа и транспаренти на кои пишуваше: „Војската и народот се браќа", „Конечно се слуша гласот на војската".
Пред две недели, по неколку недели протестирање против планот на претседателот да се кандидира за 5 мандат, 82-годишниот Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја повлече кандидатурата.
Граѓаните на Алжир продолжија со масовни демонстрации во неколку градови, обвинувајќи го Бутефлика за неуставно продолжување на својот четврт мандат на позицијата претседател, кој требаше да истекне наредниот месец.
Во февруари, алжирскиот Национален либерален фронт го кандидираше Бутефлика за 5 претседателски мандат, и покрај неговите здравствени проблеми. Бутефлика беше претседател на Алжир од 1999 година.