Ekipa
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, ја прогласи имиграционата политика на Европската Унија за неуспешна и побара нејзино повторно усвојување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својата изјава, Конте инсистираше на тоа дека Италија не е расистичка земја и дека целосно ги прифатила своите обврски за прифаќање и интегрирање на легитимните бегалци.
Конте рече дека ЕУ мора да преземе поголем товар, вклучително и преговорите со матичните земји на мигрантите и испраќање на оние кои не се квалификуваат за азил, назад во нивните матични земји.
Конте беше прекинат најмалку трипати за време на неговото долго излагање пред Горниот дом на Парламентот, пред денешното гласање за доверба. Во средата тој ќе одржи сличен говор во Долниот дом на Парламентот.