свет

Премиерот на Етиопија за прв пат виден на фронтот

Етиопската Влада прогласи вонредна состојба во земјата на 2 ноември поради нападите на бунтовниците Народниот ослободителен фронт Тиграј кои го продолжија нивното напредување кон југ

Tufan Aktaş  | 26.11.2021 - Обновена : 30.11.2021
Премиерот на Етиопија за прв пат виден на фронтот

ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот Абиј Ахмед, кој учествува во војната против бунтовничките групи во Етиопија, за првпат беше виден на фронтот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На снимките што ги пренесе телевизијата „Фана“ премиерот Абиј Ахмед се бори на фронтот Афар. Тој соопшти дека Армијата повторно го освоила регионот Асагита.

Наведувајќи дека борбата против бунтовниците одлучно ќе продолжи, Ахмед рече дека силите на Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) морале да се повлечат од окупираните области.

Ахмед, исто така, изјави дека Армијата наскоро ќе ја преземе контролата врз регионите Бурка и Чифра.

Етиопската Влада прогласи вонредна состојба во земјата на 2 ноември поради нападите на бунтовниците Народниот ослободителен фронт Тиграј кои го продолжија нивното напредување кон југ.

Премиерот Ахмед замина на фронтот да се бори против Народниот ослободителен фронт Тиграј, кој започна бунт против централната влада. Ахмед своите овластувања ги пренесе на својот заменик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.